По веста на Тв Ора“ дека заменик министерот на МВР Наим Буши патувал во Истанбул и за ноќевање платил 20.000 евра за претседателски апартман во хотел, од МВР со демант на информацијата што ја пренесоа повеќе медиуми.



Нов скандал со заменикот на Спасовски, Назим Буши, платила ли Владата…

„Станува збор за приватно патување во Истанбул на заменик министерот Назим Буши реализирано есента 2020 година во медицински цели за член на семејството, во врска со интервенција закажана неколку месеци пред назначувањето на г.Буши како заменик министер“, велат од Кабинетот на заменик министерот за „Фокус“.

Во демантот се напоменува дека лицата за време на престојот биле гости на пријател на семејството кој се погрижил околу нивното сместување, се наведува во демантот.

Според информациите на ТВ „Ора“, Буши престојувал една ноќ во претседателскиот апартман на „CVK Park Bosphorus Hotel“ во Истанбул. За тоа сведочи видеото направено од Буши во просториите на претседателскиот апартман, кој е огромен простор од 850 метри квадратни, пишува порталот.