Петар Георгиевски-Камиказа, еден од кандидатите за градоначалник на град Скопје на последните локални избори, кој се номинираше како независен кандидат, но ја доби поддршкате на опозициската Левица деновиве неколку статуси на својот Фејсбук профил посвети на актуелната градоначалничка Данела Арсовска.
Тој својот последен пост со наслови „Поштарот ѕвони два пати“, со кој се осврна на кампањата која ја водеа со останатите кандидати, но и на други нивни средби. Неговио порст предизвика лавина реакции од граѓаните.
Еве што напиша Камиказа во постот.
– На канал 5 телевизија, оди последната дебата. Шилегов ги вади „спонзорите“ на Данела, со точни суми во стотици илјади евра. Јас малку збунет од сумите што ги слушам, сепак се концентрирам на Шилегов, и му давам друг тек на последната дебата, и расправата ја вртам на друга тема. Ми успева, и Шилегов е изваден од колосек, а Данела повторно за тоа како и претеле на нејзе и на нејзината фамилија, со ликвидации, ништо за програма и проекти. Шилегов си оди видно вознемирен, а Данела ми се заблагодарува, и обеќава ручек. Се разидуваме. Данела во првиот круг му води на Шилегов и сега требаше само нокаут. Е од тука почнуваат сериозните притисоци за подршка, што Данела и ги добива на суптилен начин од мене, но на ден пред молкот кај мене во канцеларија, инсистира да се сликаме позади моите спортски дипломи, на што јас реплицирам: Нема потреба од тоа, бидејќи ќе биде ептен претенциозно, па таа се задржува уште малку кај мене и си заминува, некако невољна. (не знаев дека ова ќе ми пресуди, сликањето). Но се разбира мене, ни на крај памет. Победува со близу 30 000 гласа разлика. Во „Белата палата“ зурли, тапани и што ти уште не, се слави победата Недела дена подоцна не собра на кафе и ни кажа: Овој кабинет ќе биде отворен за вас секогаш. Јас и купив цвеќе, како вистински џенлмен, па некој од присутните кажа на шала, дека ќе сме го поделеле трошокот, на што сите слатко се изнасмеавме и си заминуваме. Останувам малку подолго од другите и во две реченици побарав од неа: Да те замолам за пеачот Поце од Меморија да обезбедиш некое работно место, бидејќи ситуацијата му е многу тешка. Има жена со тумор на мозок, а Поце е останат, така речи на улица. Вети и никогаш не оствари. Мислев ќе има грам сожалување поради нејзините слични проблеми, но од тој ден натаму никогаш повеќе не се јави. Поштарот ѕвонеше еднаш, но наиде на затворена врата. Од тогаш никогаш повеќе. Второто звонење утре, и толку. Малку за сојузот на стопански комори, како е избрана и што се правела додека била тамо и се разбира за вториот обид со звонење во мај, непосредно пред концертот на Меморија. И тоа би биле од прилика сите две барања… Никакви тендери, никакви дополнителни барања. За разлика од Ленин и Мицковски, моите барања беа од човечка природа, но тоа на неа најтешко и оди да го разбере изгледа!!!! Значи да поентирам: Ако мој најголем грев било нашето не сликање, тогаш онаа теза за отсуство на срам и гледање во очи испаѓа вистинита. Кога ќе кажете за човек дека нема ни срам ни перде, ете тоа е главната одлика на Данела……Утре продолжува!!! Искрено ваш





