Елена Ристеска на својот инстаграм профил официјално сподели дека ќе пее за Нова Година на Плоштад Македонија.
„На 31-ви декември, ве поканувам на Плоштад Македонија во Скопје, за заедно да ја дочекаме НОВАТА 2023-ТА ГОДИНА. Конечно македонска музика ќе ечи на нашиот плоштад.
Заедно со мојот бенд и со моите колеги од музичката естрада ќе го направиме дочекот на новата година незаборавен и полн со позитивна енергија и надеж. Ве чекам и ВЕ САКАМ НЕИЗМЕРНО! Ваша Елена.
Покрај Ристеска, неофицијално се дознава дека за новогодишната ноќ ќе настапат и групите “Дупер” и “Сауд Парк”, бендот и неколку пејачи од “Мерак меана” како и Ристо Самарџиев и Ферус Мустафов.







