„Тој што со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија ќе предизвика или сериозно ќе се закани со предизвикување експлозија, пожар, поплава или друго општоопасно дејствие или акт на насилство, создавајќи чувство на несигурност или страв кај граѓаните, ќе се казни со затвор најмалку десет години. “
Ова го предвидува членот 313 од Кривичниот законик, пишува „Дојче веле“ во врска со соопштението на Јавно обвинителство дека гони 36 лица за насилничкиот упад во Собранието на 27 април годинава.
Меѓу приведените во денешната акција на полицијата се поранешниот министер и директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, припадници на МВР, актуелниот пратеник Крсто Микоски (на фотографијата) и други пратеници, актерот Владо јовановски и други јавни личности.
Согласно Кривичниот закон, доколку бидат прогласени за виновни се соочуваат со затворска казна од најмалку 10 години.
Од Обвинителството информираа, пишува „Дојче веле“ дека ја завршиле предистражната постапка за случајот.




