Европска банка: Македонија е во криза па граѓаните и фирмите бараат спас во задолжување кај банките

Граѓаните и фирмите бараат спас од кризата во задолжување кај банките и покрај поскапите камати. Најновбиот извештај на Европската банка за обнова и развој детектира зголемено кредитирање, но и заострување на кредитните услови во Македонија, но иво регионот. Она што загрижува е што проекциите за наредната година е дека трендотѕ ќе продолжи и ќе се зголеми, а условите нема да се подобрат. Извештајот на европската банка за обнова и развој, покажува дека во наредните шест месеци ќе се зголеми и бројот на нефункционални кредити, односно тоа се кредити кои не се отплаќаат редовно. Ваквиот сигнале е неповолен, па оттука и очекувањата на Европската банка во Македонија да нема дополнителни затегања на кредитната политика, туку да се направат напори за олеснување на условите за достапност до финансии.



Банките очекуваат севкупната побарувачка за кредити дополнително да се зголеми во текот на следните шест месеци, иако со поумерено темпо, со барањата за обртни средства на фирмите за покривање на потребите за ликвидност како главен двигател. Фиксните инвестиции и малопродажните сегменти, вклучително и за потрошувачки кредити и домување, се очекува да се намалат.

Извештајот покажува дека во Македонија најпогодени од заострувањето на кредитните стандарди беа малите и средните фирми, но негативен ефект почуствувале и големите копмании. Зa 2023 година се предвидува пад на БДП на 3 проценти и забавена економска активност, но дека ќе расте побарувачката за кредити. Во Македонија ќе има зголемена побарувачка на потрошувачките кредити и на хипотеките. Според  економистите во ЕИБ, анкетата е важна за да се предвиди економската активност на земјите.