Иако е премиер и лидер на владеачка партија а притоа има и повеќе следбеници, на Твитер премиерот Димитар Ковачевски со прекар Таче секогаш има помалку лајкови од министерот за земјоделие Љупчо Николовски наречен Љупче Путер.
Кратко истражување со влијателни членови на Твитер заедницата ја открива тајната.
Во времето кога Љупче Путерот бил генерален секретар на СДСМ и бил шеф на изборниот штаб на партијата тој бил човекот кој на различни начини комуницирал со таканаречените ботови на социјалните мрежи.
Во знак на благодарност кон бенефициите кои ги добиваат овие ботови, или профили на Твитер и Фејсбук, тие се уште му се директно благодарни на Николовски и затоа не ставаат лајкови кај премиерот туку само кај министерот за земјоделие.
Дел од ботовите кои уште го слават Љупче Путерот се уште се надеваат дека тој може да стане лидер на СДСМ кога ќе замине Ковачевски и затоа му ставаат лајк дури и на многу глупи постови, објаснува еден ,,Бот” кој бил дел од Шарената револуција а потоа надевајќи се дека може да биде вработен од СДСМ бил дел од нивната ботовска мрежа.
Тој вели дека ако некој сака да види кој се е дел од мрежата ботови на СДСМ треба да ги следи луѓето што ставаат лајкови на постови на највисоките функционери на СДСМ а потоа да се најдат листите со хонорари на лицата кои владата ги плаќа преку разни нелогични активности од типот ,,Шио ми ја Мурат”.
Како идеолог на оваа мрежа на СДСМ кои му помогнале на Николовски да ја изгради, поранешниот Бот посочува две лица, еден поранешен потпретседател на СДСМ и висок функционер и син на поранешен висок функционер на партијата уште од времето на Црвенковски.
Во игра се огромни пари, тврди екс ботот на СДСМ според кого најинтелигентните луѓе кои биле поддржувачи на СДСМ на Твитер веќе не се дел од пресметката со ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи.
Според него таму ги нема тие што искрено се бореле за правда туку останале само тие што се вработени или добиваат хонорари од страна на СДСМ или пак се партиски активисти кои не гледаат дека партијата на власт станува се поомразена заради корупцијата, криминалот и погрешните политики што ги води.
Обидите на Ковачевски да ангажира слична група луѓе за да го зголеми своето или да го намали влијанието на Мицкоски на социјалните мрежи пропаѓаат затоа што сега веќе ,,никој нормален” дури ни за пари не се нафаќа да ја го брани СДСМ затоа што се гледа дека нивното време е одамна заминато, анализира некогашен ,,инсајдер” од ботовската мрежа на Бихаќка.
Дури и во оваа сфера моќниот Николовски кој располагал со сериозни ресурси, мака мачи да собере триесетина лајкови што е помалку од било кој друг просечен Твитерџија.
Најчитани вести
Никој не ја вика судијката да каже кој стои зад скандалот





