Рано утрово, по налог на јавен обвинител, уапсен е Митко Чавков, поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност во МВР, а во врска со настаните од 27 април.
Во тој период Чавков беше директор на Бирото за јавна безбедност и раководител на штабот на МВР за протестите за Заедничка Македонија.
Покрај Mитко Чавков кој е уапсен, приведени биле уште 15 лица меѓу кои актерот Владо Јовановски, Горан Ангелов – Ќосето од Велес, пратеничката Жаклина Стефановска, пратеникот Крсто Муковски, поранешниот директор на ФЗОМ, Саше Стефановски, пратеникот Љубен Арнаудов од Охрид и други.
За повеќе детали МВР ќе информира во текот на денот.





