Премиерот на државата Димитар Ковачевски вели дека последната анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) покажува дека граѓаните се определени за европска иднина за државата.



„Доколку се погледнат внимателнo процентите на партиите кои се за европска Македонија и зачленување во ЕУ и партиите кои се за блокирање на тој процес, тогаш пак се гледа разлика и можете уште сега да го видите резултатот дека во 2024 ќе имаме претседател на држава којшто е за зачленување на Македонија во ЕУ, а таков можеме да предложиме само ние – СДСМ, нормално со коалиционите партнери“, вели премиерот.

Во 2024 година ќе имаме Влада која што исто така ќе биде предводена од СДСМ и коалиционите партнери кои се за продолжување на европскиот пат на државата и зачленување до 2030 година во ЕУ“, рече Ковачевски.