Ковачевски спонзорира државни инвестиции во бизнис во кој инвестирала и неговата сопруга

Премиерот Димитар Ковачевски на социјалните мрежи плаќа за објавување на видео пропаганда во која зборува за државни инвестиции во енергетика.



,,Како никогаш до сега вложуваме во енергетика. Енергетска стабилност може да се постигне само со стратешко инвестирање во Зелена енергија, во она што го имаме во изобилство, производство на струја од ветер, сонце и вода.

Со јасна визија и со напорна работа нема недостижна цел!”, пишува Ковачевски во спонзорираниот пост во кој има многу малку лајкови.

Пред десетина дена порталот А1Он објави дека и сопругата на Ковачевски инвестирала во бизнис со производство на електрична енергија.

Ковачевски без да каже конкретен план за акција, зборува за период до 2040 година кога тој извесно нема да биде во политиката и најавува дека Македонија ќе станела некаков од него наречен ,,Енергетски Хаб” во регионот.

Во видеото Ковачевски не ја споменува инвестицијата за која пари дала и неговата сопруга за која Ковачевски вели дека не влијаел како сопруг.

Видеото кое од далеку се препознава дека е партиска политичка пропаганда може да го видите на овој линк

https://fb.watch/hz7Mj2205T/