За само неколку часа, објавата на Лионел Меси кој ја прославува победата на Аргентина на Светското првенство стана најлајкуваната објава на Инстаграм досега – повеќе од 65 милиони лајкови – а бројката постојано се зголемува.
Фудбалската ѕвезда Лионел Меси, кој со Аргентина ја освои титулата светски првак на неодамна завршеното Светско првенство во Катар, е прогласен за светска спортска ѕвезда на годината за 2022 година, по избор на Би-би-си.
Меси (35) ја предводеше Аргентина до првиот триумф на Светското првенство по 36 години.
Напаѓачот на ПСЖ ја освои и Златната топка, која му се доделува на најдобриот играч на турнирот, откако постигна седум гола на неговиот петти Мундијал.
Во финалето Меси постигна два гола и реализираше пенал во престрелката, кога Аргентина по возбудливите 3:3 ја победи Франција на пенали со 4:2.
Така, тој ја додаде најголемата награда во фудбалот на списокот на трофеи, кој вклучува седум титули Златна топка – кои се доделуваат на најдобриот фудбалер секоја година – четири Лиги на шампиони, една Копа Америка, десет титули во шпанскиот шампионат со Барселона и Шампионска титула на Франција со ПСЖ.
Покрај тоа, тој во кариерата постигна 793 гола.
„Тоа е она за што сите сонуваат кога се мали. Имав среќа да постигнам се и она што ми недостига го најдов тука“, изјави Меси по подигнувањето на трофејот на Светското првенство во неделата.







