Нема вардарци во изборот на ЕХФ на идеалниот тим на колото и во прогласувањето на најдобрите моменти, одбрани и голови, во продолжениот ракометен викенд. Чудо едно затоа што партијата на Арпад Штребик во Манхајм без дилема е за место во најдобрите седум, а и интервенцијата од последната секунда од дербито со Рајн Некар е нешто што ретко се гледа, а со самото тоа и многу веројатно најдобра во деветтиот круг. Овој пат такви мали признанија нема за црвено црните затоа што сега веројатно од нив се очекуваат циркуски акробации или можеби победи во Германија со 10 гола разлика.




