ЕВН и електродистрибуција денеска до регулаторна ќе ги достават пресметките за трошоците. МЕПСО тоа ќе го стори до крајот на неделава.
Потоа ќе следи анализа што од нивните трошоци ќе биде прифатено, а што не. Новата цената на струјата ќе се знае до крајот на месецот, а ќе важи од први јануари.
ЕСМ веќе објави дека својата струја на ЕВН хоум во наредните 6 месеци ќе им ја продава по цена од 56 евра за мегават час или 16 проценти поскапо од досегашната.
Од сите овие параметри ќе се формира новата цена за домаќаинствата, за која надлежните уверуваат дека нема да има сериозен скок.
Првиот човек на регулаторна, Марко Бислимоски, вели дека најави дека до потрошувачите кои штедат струја ќе биде испратен јасен сигнал дека ќе имаат намалени трошоци со почетокот на новата година.






