Собраниска дебата: Чекаа Русковска да каже добар збор на Заев, Јовески сака да лежи 9 години во уставниот суд (ВИДЕО)

Пратеничката и професорка Иванка Василевска со искрена и емотивна анализа на состојбата во правосудството за време на дебатата за годишниот извештај за работата на Јавното обвинителство кое го води Љубомир Јовески.



Професорката пред членовите на Комисијата за политички систем во емотивно обраќање отворено проговори за дел од проблемите со кои се соочуваат граѓаните.

Таа ги обвини и обвинителите кои сега молчат за низа неправди, меѓу кои и за случајот 27 април, а додека Вилма Русковска беше шефица на ЈО за организиран криминал се умилкувале и од неа барале да каже добар збор за нив кај Зоран Заев.

Василевска не се согласува со планот на власта државниот обвинител Јовески, кој беше присутен во салата, да биде Уставен судија откако стана дел од низа скандали а обвинителството падна на само 3 проценти доверба кај граѓаните.

Целото жестоко обраќање на пратеничката во видеото