Маск бара некој “доволно луд“ да го замени на чело на „Твитер“

По анкетата, која самиот ја иницираше на Твитер, и по поразувачките резултати дека 57,5% од околу 17,5 милиони луѓе гласале „за“ негово заминување од директор на социјалната мрежа која неодамна ја купи за 44 милијарди евра, Илон Маск вели дека ќе ја почитува волјата на корисниците.



„Ќе поднесам оставка од функцијата извршен директор штом најдам некој доволно луд да ја преземе работата!

После тоа, само ќе ги водам тимовите за софтвер и сервери“, напиша Маск на Твитер.