Специјалниот комитет на Претставничкиот дом на САД, кој го истражува нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година, препорача Министерството за правда да поднесе кривична пријава против поранешниот претседател Доналд Трамп во врска со овој настан.
Препораките на Комитетот не се обврзувачки за Министерството за правда, а Министерството за правда треба да одлучи дали ќе продолжи со понатамошни судски истраги за поранешниот претседател.
На ова, Трамп изјави дека барањето одговорност од него за упадот на Капитол има само една цел, а тоа е да се обидат да го исклучат од следните пртседателски избори.
„Луѓето разбираат дека Демократското биро за истраги работи да ме спречи да се кандидирам на претседателските избори бидејќи знаат дека ќе победам“, рече Трамп.






