Првите банкноти со ликот на кралот Чарлс III ќе влезат во оптек до средината на 2024 година, објави Банката на Англија и го претстави нивниот дизајн, пишува „Њујрк тајмс“



„Портретот на кралот ќе се појави врз постоечките дизајни на четирите полимерни банкноти (5, 10, 20 и 50 фунти) без други промени на постоечките дизајни“, соопшти централната банка.

„Сликата на кралот ќе се појави на предната страна на банкнотите, како и како воден жиг во проѕирниот безбедносен прозорец“.

Чарлс (74) стана крал по смртта на неговата мајка кралицата Елизабета Втора во септември.