Планот на Велика Британија да испрати мигранти во Руанда е легален. Ова денеска го одлучи лондонскиот Врховен суд, пренесува „Асошиетед прес“.



Пролетта, Лондон објави нова политика за мигранти, според која тие ќе бидат испратени во Руанда додека се обработуваат нивните апликации.

Сепак, неговото спроведување беше блокирано со одлука на Европскиот суд за човекови права.

Минатата година, 28.526 лица – главно од Ирак и Иран – пристигнаа во земјата со мали чамци. За споредба, во 2020 година тие беа 8.486, а во 2018 година – само 200.

Одлуката за трансфер на мигранти од Британија во Руанда е дел од политиката за која владата вели дека е дизајнирана да ги разбие мрежите за трговија со луѓе и да го запре протокот на мигранти преку Каналот.