Во кафуле на централниот плоштад во атинското предградие Неа Смирни синоќа вооружен напаѓач застрелал двајца Албанци и ранил една жена, пренесуваат медиуми.



Надзорните снимки објавени на YouTube го покажуваат моментот кога маскиран вооружен напаѓач отворил оган.Инцидентот се случил нешто по 21 часот и 30 минути.

Едниот од убиените починал на лице место, а другиот во болница, каде заедно со жената што седела на масата биле однесени.

Се верува дека се работи за мафијашка пресметка…