Денеска, 19 декември, се слави Свети Никола – празник посветен на Светецот кој е заш­тит­ник на де­цата, мо­реп­лов­ците, де­вој­ките, си­ро­маш­ните, уче­ни­ците, пе­ка­рите, ап­те­ка­рите, тр­гов­ците, пат­ни­ците… Го сла­ват христијаните, и пра­вос­лав­ни­те и ка­то­ли­ците, како и дел од мус­ли­ма­ните, осо­бе­но во Тур­ција.



Ро­ден во ма­ло­а­зис­ки­от град Па­тара, прис­та­ниш­те на ме­ди­те­ран­ски­от брег на де­неш­на Тур­ција, све­ти Ни­ко­ла жи­ве­ел во 4 век, мно­гу пред рас­ко­лот по­ме­ѓу пра­вос­лав­на­та и ка­то­лич­ка­та цр­ква од 1054 го­дина.

Не­го­ви­те бо­га­ти ро­ди­те­ли Те­о­фан и Нина, си­нот Ни­ко­ла го до­би­ле во вре­ме на вла­де­е­ње­то на рим­ски­от цар Ва­ле­ри­јан (253 – 260 го­дина), ал­чен чо­век што по­ра­ди страс­та за зла­то­то ор­га­ни­зи­рал во­ен по­ход на Пер­сис­ко­то цар­ство. Пер­сис­ки­от крал Ша­пур го за­ро­бил во бит­ка­та кај Едеса, го по­ни­жу­вал во за­лож­ниш­тво­то и, на кра­јот, го убил си­пај­ќи му ис­то­пе­но зла­то низ гр­лото, ка­ко сим­бол на не­го­ва­та алчност.

Ко­га не­го­ви­те ро­ди­те­ли ум­ре­ле во го­ле­ма­та епи­де­мија, Ни­ко­ла го раз­де­лил це­ло­то нас­ле­де­но бо­гат­ство. Уште ка­ко де­те се ис­так­ну­вал со доб­ро вос­пи­та­ние по­ра­ди што ста­нал оми­лен и пред Бо­га и пред лу­ѓето. Го од­гле­ду­вал чич­кото, ар­хи­е­пис­ко­пот Па­таре, под чие буд­но око Ни­ко­ла нап­ре­ду­вал во цр­кве­на­та хи­е­рар­хија. По смрт­та на чич­ко му, Ни­ко­ла е из­бран за ар­хи­е­пис­коп мир­ли­киј­ски. Бил и еден од ар­хи­е­пис­ко­пи­те што се по­ви­ка­ни пред ца­рот Кон­стан­тин на са­бо­рот во Ни­ке­ја во 325 го­дина.

Све­ти Ни­ко­ла ум­рел на 19 де­кем­ври 343 го­дина. Пог­ре­бан е во со­бор­на­та цр­ква Мир­ли­киј­ска мит­ро­по­лија, а кон кра­јот на 11 век не­го­ви­те мош­ти се пре­не­се­ни во Бари, во ма­нас­ти­рот Све­ти Јо­ван Пре­теча.