Критики за Илон Маск – најди си нов директор, ти немаш време за компанијата

Индонезискиот милијардер Когуан Лео, третиот по големина индивидуален акционер на производителот на електрични возила Тесла, бара од извршниот директор Илон Маск да поднесе оставка.



Лео го обвинува ексцентричниот милијардер дека премногу се фокусирал на Твитер, социјалната мрежа која Маск неодамна ја купи за повеќе од 44 милијарди долари.

„Илон ја напушти Тесла и компанијата заслужува да има извршен директор со полно работно време“, напиша Лео на Твитер.

Лео, исто така, сугерира дека Бордот на директори на Тесла е обврзан да бара замена. Милијардерот предложи да му се даде можност на Маск да најде и назначи свој наследник, со независен надзор на одборот.

„Илон беше горд татко, а Тесла сега порасна. Ни треба лидер како Тим Кук, а не Илон“, јасен беше Лео.

Лео поседува околу 22 милиони акции на Тесла, во вкупна вредност од околу 3,4 милијарди долари.

Извор: Фактор