Велешата полиција го пронајде возилото „Мерцедец” со велешки регистерски таблички, а се уште трага по 29-годишниот А.Н. кој е осомничен дека на пешачки премин усмрти 11 – годишно девојче и ја повреди нејзината 43. годишна мајка.
Вчера вечер околу 22.15 часот во СВР Велес било пријавено дека на улицата „Борис Трајковски“ во Велес, патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 29-годишниот А.Н. од Велес, удрило во 43-годишната Е.И . и нејзината 11.годишна ќерка.
Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес појаснува дека во несреќата малолетничката починала на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, додека со телесни повреди се здобила 43- годишната Е.И, констатирани во болницата во Велес.
Како што информира за МИА д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес мајката имала отворена рана на глава и повреда на потколеница. Поврдеите биле санирани, а утрово била исратена на домашно лекување.







