Бугартското општество е соочено со ерозијата на довербата во институциите што е природна реакција на јавноста на политичката нестабилност и неефективниот меѓуинституционален дијалог, покажува најнова анкета.
Критиките на јавноста не се упатени само кон парламентот, туку и кон претседателот и извршната власт. Сите главни субјекти на власта се перципираат како колективно одговорни за неспособноста на земјата да одговори на предизвиците на кризите.
Два месеци по предвремените парламентарни избори, забележан е уште помал интерес за учество на избори и, соодветно, губење на поддршката од сите политички сили.
Доколку изборите се одржат следната недела, на гласање би излегле само 35 отсто од граѓаните со право на глас.
Истражувањето покажува дека ГЕРБ ја задржува водечката позиција со 23,4%, но загуби два поени од поддршката во октомври.
Лидерот на партијата Бојко Борисов ужива 19,6% доверба и 55,7% недоверба.
На второ место со 17,7% се „Продолжуваме со промената“.
Нивниотт рејтинг за последните два месеци е околу 2,5 поени помал.
Според податоците на „Алфа Рисрч“, ова е партијата која прњетрпи најтешка штета од одбивањето на младите гласачи да гласаат.
Падна и поддршката на лидерите Кирил Петков и Асен Василев – од 23% во претходните месеци на 15% – 16% на крајот на годината. За прв пат, неодобрувањето на нив ја поминува границата од 50%.







