Францускиот амбасадор во земјава, Сирил Бомгартнер, во неделното интервју на Радио Слободна Европа, вели дека доколку по скрининг процесот македонскиот Устав не е ревидиран, тоа значи дека процесот на европска интеграција моментално ќе биде запрен, се додека таа состојба не се промени, порачува .



На прашање на Радио Слободна Европа дали постои гаранција дека промената на Уставот ќе биде последната отстапка на нашиот пат кон полноправно членство во ЕУ, францускиот амбасадор вели:

„Мислам дека треба да ги раздвоиме етапите. Првата етапа сега, реално кажано е дека вашата земја веќе ги почна преговорите за членство. Нема никаков сомнеж во Европа дека вие веќе ги отворивте преговорите и ќе ве потсетам дека С. Македонија денес се наоѓа во иста состојба како Албанија во однос на евроитегративниот процес и мислам дека и во Албанија никој нема сомнеж дека земјата ги отвори преговорите за членство. Тоа е првата работа којашто треба да ја имаме на ум и да ја истакнеме.

Друга работа е следната. Откако ќе се отворат преговорите постои првата етапа, скринингот и ние сега се наоѓаме токму во таа скрининг фаза и треба да признаеме дека што се однесува до С. Македонија во текот на скринингот идната година ќе треба македонскиот устав да се промени, за да мое да преминеме на следната етапа. Точно е дека е услов којшто е наметнат и ќе треба да знаеме дека спроведувајќи ја согласноста којашто беше постигната во текот на летото, уставната ревизија треба да се случи и преминот на С.Македонија во следната етапа, односно активни преговори ќе биде автоматска, односно ќе нема можност за блокада. Тоа ќе биде втората етапа.

Третата етапа е етапа којашто ќе предизвика мобилизација на С. Македонија, тоа е активната фаза на преговори за членство и тука се ќе зависи пред се, од мобилизацијата на властите и на македонските институции. Тоа значи дека доколку очекуваните реформи се спроведат на ефикасен начин, прво на хартија, потоа на терен, тогаш текот на преговорите ќе биде забрзан.

Доколку има неколку потешкотии во одредени моменти во спроведувањето на реформите, тоа ќе има последици и на преговарачкиот процес…