Еден од главните виновници за партизираното судство без доверба од граѓаните сега изразува шокираност од одлуката на Апелација да го ослободи Сашо Мијалков откако обвинителите не постапиле по законот и не спровеле финансиски постапки во своите случаи.
Претседателот Пендаровски кој јавно призна дека за членови на Судскиот совет предложил ,,партиски глувци” односно кадри на СДСМ и ДУИ сега наводно бил во шок.
Претседателот не изрази шокираност кога за член на судскиот совет во 2019 предложил кандидати од СДСМ и ДУИ и со тоа ја урниса најважната судска институција.
Претседателот носи директна одговорност што претседателката на Судскиот совет Весна Дамева која е само стручен соработник носи одлуки и за судиите кои го ослободиле Мијалков.
Доколку Пендаровски навистина е шокиран од ослободување на Мијалков тој може да апелира неговиот предлог Дамева да ги казни судиите што го ослободиле екс шефот на УБК. Но тој молчи на оваа тема.
,,Шокиран сум од одлуката на апелацискиот суд за случајот „Таргет-Тврдина“.
Одлуката е пораз за правната држава и доказ за ниската доверба на граѓаните во правосудните органи.
Ваквите одлуки само ја поткопуваат вербата на граѓаните дека се можни вистински реформи во владеењето на правото и борбата против корупцијата”, пишува Пендаровски кој на душа носи огромен дел од партизацијата на судството во кое негови формални предлози ја уништуваат иднината на Македонија.






