Маршот на „црвените чадори“ со кој и годинава се одбележува 17-ти декември – Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници,. започна на пладне од пред платото пред Спомен куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“ кон плоштадот „Филип II“ во Скопје.
Сексуалните работнички велат дека денеска достоинствено ќе маршираат низ Скопје, заедно со голем број сојузници, активисти и поддржувачи.
Интервју: Сексуалната работа е како и секоја друга
Првиот Марш на црвените чадори беше одржан во Скопје на 17-ти декември 2008 година, во организација на здружението ХОПС и тогаш неформалната група СТАР-СТАР.






