Најчевска за видливите резултатите во ОЈО ГОКК: Тоалетите се почисти, а и ги смениле завесите…

„Ахахахахах. Се гледале резултати од работата на новиот обвинител.



Биле подобрени меѓучовечките односи.

Абе кога мислиш дека си ја слушнал секоја глупост на светот, ќе се појави некое вакво човече и ќе ти го разубави утрото“.

Повод за Фејсбук статусот на професорката Мирјана Најчевска е гостувањето на В.Д. шефот на Вишото обвинителство Мустафа Хајрула во емисијата ‘360 степени’, каде тој изјави дека „Веќе се забележуваат првите резултати откако Ислам Абази дојде на чело на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција“.

„Само – вели Најчевска – заборави дека да каже и тоалетите во јавното обвинителство се веднаш почиси, а и ги смениле завесите.

На секој чекор се гледа подобрување во борбата со организираниот криминал.

Следно ќе биде да се купат нови килими.

Е тоа веќе ќе биде навистина промена со тежина“, вели Најчевска.