Поранешниот вицепремиер и министер за надворешни работи Никола Димитров, реагира на на одлуката на Апелација за поништување на пресудата на Основниот суд во случајот „Тврдина-Таргет“ и оценува дека тоа е срам за судството.
Вели дека сѝудството, институција со најмала доверба во државата, е на добар пат да ги изгуби и тие 8 % доверба.
„Зарем година и половина им требаше да потрошат за ваква одлука, да поништат? , прашува Димитров на фејсбук.

„И кога е јасно дека има ризик од застарување, што правиме со обврската да се суди во разумен рок ? Во најмала рака, дури и да имало апсолутна повреда на кривичната постапка во прв степен, што се разбира не можеме да знаеме бидејќи ја немаме пресудата, требало Апелација да одлучи мериторно – да ја потврди или преиначи пресудата на Основниот суд.
Вака ем избегале од одговорност ем завршиле работа, предметот ќе застари. Оваа кал драги политички партии е резултат на клиентелизмот, поставување на “наши” или “ваши” судии и обвинители, кои потоа должат и враќаат услуги. И не, нема ЕУ ниту САД да ни го решат овој проблем. Можат да помогнат, но проблемот ќе мораме да го решиме ние, граѓаните, борејќи се против партизацијата.
Се’ додека за способните и чесните нема место поради партиски лојалните, нема излез од овој грд круг. Знаете всушност што нам ни треба? Антипартија!
За да се бори за политика во интерес на општото добро, на нашето заедничко. За Републиката – Res Publica. За политика со судир на идеи и визии, а не на бизнис и партиски клановим порачува Димитров.






