Екс премиерот Зоран Заев објавува текст во кој ги напаѓа луѓето што овизможија поништување на две затворски канџи од 20 години за екс шефот на УБК Сашо Мијалков.
Заев сега мислејќи дека јавноста заборава ги обвинува истите тие обвинители и судиите кои го ослободуваат Мијалков а кој тој ги контролираше или поставуваше.
Јавна тајна е дека тој и неговата партија учествуваше во изборот на обвинителите во СЈО кои го гонеа Мијалков како и на судиите во Апелација.
Заев за кого постои сомнеж дека за потребите на промената на името и уставот направил договор со Мијалков не можел да не знае дека обвинителите во најмалку еден случај не покренале соодветно финсиско вештачење за кое ма сите им беше јасно дека ќе биде причина за поништување на затворската казна за него.
Зошто Заев не повика на конкретна одговорност за тие што свесно не презеле соодветни мерки во процесите против Мијалков. Можеби затоа што ќе се открие дека тој стоел лично зад договорите за настаните за кои сега наводно жали и е лут?
Како своевремено претседавач со Советот за реформи во правосудството и во исто време најмоќен политичар во земјата тој сега нема право да бара одговорност во други.
Целото лицемерно обраќање на Заев за случајот Мијалков во продолжение:
Стотици илјади граѓани со години се боревме да ги срушиме алчните арамии од режимот и успеавме. Сега, некој се исмева со таа борба и се обидува да ја ништи освоената правда.
Со двете поништени пресуди, директно се упатува на враќање, а со тоа и повторување на грозоморните дејствија на режимската врхушка и секако се мотивираат и други чинители да прават исти вакви грозоморни дејствија со кои се газат масовно човекови права и сите вредности за кои се бореше целиот македонски народ пред само неколку години преку Шарената револуција.
Што е следно, Мијалков да стане директор на АНБ, а Груевски да се врати невин на бел коњ? Па и утре да станеме членка на ЕУ тоа нема да го испере овој срам и блам.
Ги повикувам сите надлежни од и околу правосудството, сите со грам одговорност за иднината на нашата земја и нашиот народ, да не дозволат да застарат делата на Мијалков и да направат сѐ виновниците да одговараат бидејќи за нивните злодела има докази чисти како ден.
Прочитајте ги последните колумни на Катерина Блажевска и Љупчо Поповски кои ја одразуваат суштината на проблемот со кој сите сме соочени.
https://prizma.mk/kolumni/dali-krajot-vaka-izgleda/
https://www.dw.com/mk/viknete-policija-nesto-cudno-se-slucuva-vo-apelaciskiot-sud/a-64132290?maca=maz-rss-maz-pol_makedonija_timemk-4727-xml-mrss





