Валтери Ботас победи во Абу Даби, Луис Хамилтон беше втор, а 20 трка во шампионатот се претвори во голема прослава на германскиот производител. Младиот Финец славеше по трет пат сезонава која е најдобра за него, со оглед на тоа дека заврши како трет. Хамилтон по четврти пат е Светски првак, а Мерцедес на крајот направи извонредна разлика од 130 бодови пред Ферари чиј најдобар претставник беше третиот денеска Себастијан Фетел и вицепрвакот во вкупното бодување.
Трката на патеката Јас Марина инаку беше последна во кариерата на Фелипе Маса кој во Формула 1 мина цели 15 години и забележа 11 победи.




