Министерот за надворешни работи Бујар Османи во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ 21 со порака во врска со измените во Уставот заради впишување и на Бугарите во него.
„Ова прашање не треба да се сведе на партиски инает. Не може да излезе опозицијата и да каже: ‘Не знаеме зошто сме против уставните измени, но не поради тоа што Бугарија нам ни прави ова или она’. Тоа се две неповрзани работи. Уставните измени ја докажуваат нашата отвореност кон заедниците, тоа е нашиот белег. Во светот нас нè препознаваат со односот кон етничките заедници, во однос на интеретничката хармонија. Ние тој имиџ го создадовме со крената глава“, рече Османи.






