БиХ доби кандидатски статус за членство во ЕУ

Лидерите на ЕУ и доделија кандидатски статус на БиХ за влез во Унијата на денешниот состанок во Брисел, јави словенечката новинска агенција СТА.



Словенечкиот премиер Роберт Голоб и честиташе на БиХ на „Твитер“ за статусот, велејќи дека тоа е порака до населението во БиХ „дека нивната иднина е во нашиот заеднички европски дом“.

Тој изрази уверување дека ЕУ и БиХ заеднички ќе ја градат иднината на цела Европа.

Во одвоено соопштение, Голоб изјави дека одлуката на Европскиот совет за доделување кандидатски статус на БиХ е една од најзначајните геостратешки и политички одлуки што ЕУ ги донел во последно време. Со ова, БиХ им се приклучи на другите земји кандидати – Албанија, Молдавија, Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Турција и Украина – во процесот на приклучување, кој може да трае со години и вклучува сложени преговори за усогласување на локалните закони со законодавството на ЕУ.