Поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, на Фејсбук бурно реагираше на пишувањето на еден портал кој, според нејзино мислење, во напис ги извртува фактите околу вистинските причини за отказите во една текстилна фабрика на странски инвеститор во Штип.
Ова ли е новинарство, прашува Солза Грчева во постот на Фејсбук.
„Читам вo …….., напис во кој се тврди дека 500 текстилни работнички од Штип давале откази кај газдата, странски инвеститор. Можеби. Но, објаснувањето е како во најцрните денови на тоталитарната пропаганда: имале лоши услови за работа, станувале инвалиди, и сега ги чека светла иднина кај наши газди поради изедначување на условите на нашата ни мила Влада за сите инвеститори.
Колку е убаво кога си глуп или одработуваш и се умилкуваш! Се е просто и се објаснува со 2 реченици.
Е не ………! Не е така. Очигледно никогаш порано не сте влегле во конфекциски погон во Штип. Секогаш условите беа страшни. Во пареа, загушливи соби со ниски тавани, пеколно топло, наведнати над машините по цел ден. Разликата е што сега кога се покачи минималната плата за минимални пари, конфекциите масовно отпуштаат технолошки вишок. Другите кои остануваат на работа, за да ги “заслужат“ мизерните пари работат по 12 наместо 8 часа. Лажете дрско, пропагандата ви е како на Гебелс. Не смеете ни поштена анализа да направите за ефектите од минималната плата. Да не зборам дека на крајот на умот не ви е да проверите и не дај боже да отидете на терен, па и да поседите за да направите права анализа. Ова ли е новинарство, ве молам.“





