АНБ доби нов директор

Владата на денешната седница го назначи Зарко Милошевски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност.



Досегашниот директор на АНБ, Виктор Димовски, заминува за амбасадор во Париз.

Милошевски на позицијата директор доаѓа од позиција на помошник директор на Одделот за безбедносни проверки и НАТО регистар во Агенцијата за национална безбедност.

Милошевски е посветен, доверлив и долгогодишен професионалец кој својата кариера во безбедносните служби ја започнува во 1997 година во тогашната Управа за безбедност и контраразузнавање при МВР..

Своето професионално доусовршување Милошевски го спроведува од 1999 година до денес преку учество на повеќе домашни обуки организирани и имплементирани од страна на Единицата за специјални задачи при МВР и Бирото за јавна безбедност при МВР, како и на повеќе обуки во странство организирани и имплементирани од страна на Стејт департментот на САД, Министерството за правда на САД, Министерството за одбрана на САД, Федералното биро за истраги на САД, Дипломатската безбедносна служба на САД, како и Канадската безбедносна и разузнавачка служба. ТВ21