Алчноста на трговците кои ја искористија ситуацијата и неоправдано ја зголемија цената, пред сè на храната, е главна причина за тоа што Македонија има една од највисоките стапки на инфлација во Европа, дециден е економскиот истражувач Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии.
Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека трошоците за живот во ноември биле за 19,5 отсто повисоки од истиот месец минатата година. Според Еуростат, повисока инфлација во Европа имаат само Унгарија и Балтичките држави – Естонија, Литванија и Летонија, каде што инфлацијата е меѓу 21 и 22 проценти.
На Балканот, инфлацијата во Босна и Херцеговина е над 17 отсто, Црна Гора нешто помалку, Србија околу 15 проценти, Бугарија 14,8, Хрватска скоро 13, Словенија околу 11, Грција 9 проценти, а Албанија околу 8 проценти.
Линк до целиот текст.






