Прехранбените производи не поевтинуваат, потрошувачите се жалат, ОПМ немоќна да помогне

Високите цени на производите никако да се намалат, потрошувачите со еден куп поплаки, а од Организацијата на потрошувачите на Македонија со совети. Велат дека иако сето тоа е уредено со Закон, спак но крајниот збор го има министерството за економија, односно Владата. Признаваат дека секој ден се соочуваат со жалби од граѓани дека се излажани од трговците, посебно периодов, зашто иако најавуваат замрзнати цени и маржи, тоа не се случува.



И правниците признаваат дека граѓаните се изиграни околу поскапувањата. Велат, праксата покажала дека цените се високи, и се препорачуваат државата да креира нови мерки кои сериозно ќе помогмнат да се намалат цените

Агенцијата за електронски комонуникации до сега има добиено 1.000 приговори од граѓани кои се пожалиле токму на високите цени на прехрамбените производи.

И додека во Македонија цените експлодираат, храната на светските берзи во ноември била за 17% пониска отколку во март, покажуваат податоците на Организацијата за храна и земјоделство на ОН. Најголемо намалување има кај зеленчукот, а поевтинети се и житариците, месото и млечните производи.

Според Државната статистика инфлацијата кај нас се искачи на 19,5% и е највисока во регионот. Во Босна и Херцеговина е 17%, Србија 15%, Бугарија 14,8%, Хрватска 13%, Словенија околу 11%, Грција 9%, а во Албанија околу 8%.