Судијката Јованка Спировска Панева што го води граѓанскиот предмет за клевета и навреда против премиерот Ковачевски по приватна тужба од пратеникот Ковачки не смее да го ослободи од прогон и присуство на судење претседателот на владата кој се повика на имунитет за да не биде суден.
Ова го тврдат искусни правни експерти со пракса во правосудството кои сметаат дека Ковачевски мора да се појави на суд по приватна тужба за искажана клевета и во овој случај нема право да го користи правниот институт имунитет.
Постојат повеќе причини за вакво толкување на законите, сметаат експертите кои ги консултираше expres.mk.
Една од причините за ваквиот став на експертите кои инсистираат на анонимност е членот од Законот за влада каде што пишува дека претседателот на владата ужива имунитет како и пратениците. Но како што тоа јасно го пишува во Законот за влада за имунитетот на Ковачевски треба да одлучува парламентот.

Досега Собранието не одлучувало дали Ковачевски има право да го користи имунитетот за да избегне соочување на суд за нанесени навреди и клевети.
Зошто судијката Јованка Спировска Панева во процесот по приватна тужба од пратеникот Драган Ковачки го интерпретира законот на овој начин и му дозволува на премиерот да избега од јавно соочување за неговите лаги односно не инсистира на присуство на Ковачевски на судењето може само да се претпостави.
Судијката Јованка Спировска Панева е авторот на контроверзната пресуда во случајот Горан Трпеновски од настаните за 27 април во која пресуди дека новинарот не бил новинар и не може да добие оштета за повредите во Собра екто затоа што работел за онлајн медиум која таа не го признава за медиум.
Досега ниту еден друг македонски премиер не се повикал на имунитет кога бил тужен во граѓанска постапка за нанесување на клевета или навреда.
Ковачевски е првиот премиер кој јавно навредувал и клеветел на лична основа а потоа се повикал на имунитет за да избегне тужба.
За незаконското користење на институт имунитет од страна на премиерот Ковачевски има и други аргументи кои ќе ги елаборираме во следниот текст за ова прашање.
Продолжува ….





