Рама: Нема причина Албанија да испраќа полициски сили во Косово

Интегритетот во Косово го штити целата меѓународна заедница и дека нема причина Албанија да испрати таму полициски сили, смета албанскиот премиер Еди Рама.



На прашањето дали Албанија ќе испрати полициски војници на Косово, доколку се зголемат тензиите на северот на земјата, даде дипломатски одговор.

„Од која причина Албанија да му помогне на Косово со полициски сили и зошто во Косово кое е суверена демократска држава, треба да има полициски сили од други држави на својата територија, што е територија чиј интегритет го штити цела меѓународна заедница? Реално не разбирам зошто вакво прашање“, рече Рама.
Според медиуми тоа значи индиректен одговор и на “се понагласените барања на Србија за враќање на нејзините сили на Косово”.