По вчерашната изјава на косовскиот премиер Албин Курти дека „неделава’ Косово ќе аплициира за добивање кандидатски статус на земјата за членство во ЕУ, веќе денеска во Приштина ќе се одржи церемонија на која ќе биде потпишано таквото барање.



Апликацијата ќе ја потпишат претседателката Вјоса Османи, премиерот на Косово, Албин Курти и претседателот на косовскиот Парламент, Гљаук Коњуфца.

Косовското претседателство, како што јави приштинска „Коха“, соопшти дека церемонијата ќе се одржи во 11 часот.