Винченцо Монтела доби отказ, а Џенаро Гатузо е именуван за нов тренер на Милан. Брзиот развој на настаните на Сан Сиро можеше да се очекува откако седумкратниот Европски шампион и освојувачот на 18 титули во Италија во минатото коло одигра само 0-0 со Торино по што е 6 бода оддалечен од последната позиција која води во Европски куп, а дури 18 од првото место. Гатузо доаѓа од младинските категории на Милан и како шесто тренерско решение во последните 4 години.




