Власта помпезно најави укинување на персоналниот данок во ИТ секторот од 1 јануари 2023, но сега молчи пред доаѓањето на новата година, иако идејата беше да се стимулира оваа дејност заради задржување на овие работници во земјата.
Замислата беше да се намали данокот на личен доход од 10 на 0 отсто за програмерите, ИТ-администраторите и останатите вработени во информатичката дејност, со цел да се поддржи дигитализацијата како четврта индустриска револуција која брзо ги трансформира општествата и економиите.
Премиерот Димитар Ковачевски на почетокот на февруари најави дека до 2023 ќе се намали персоналниот данок од 10 на 0 отсто, што ќе биде силен стимул за младите што повеќе да се насочат кон овој сектор каде од ден во ден се потребни сè повеќе работници.
„Владата секогаш ја поддржува секоја индустрија, а особено ИТ индустријата, бидејќи ИТ индустријата има навистина голем раст, дојдена е веќе на ниво на милијарда евра. Нашиот план е да ја зајакнеме и да го забрзаме нејзиниот раст уште повеќе, и тоа преку намалување на даноците за вработени, преку намалување на трошоците за преквалификација, како и намалување на даноците за обезбедување лиценци кои се основно средство на една ваква компанија“, изјави Ковачевски при посета на една стартап компанијата.
Линк до целиот текст.






