Меѓу 58 кривични од ДКСК што не ги процесира обвинителството е и член на семејство на највисок државен функционер

Меѓу 58 кривични пријави од Антикорупциската комисија кои што не ги процесира обвинителството е и предмет за ќерката на спикерот на парламентот од ДУИ Талат Џафери.



Изворите во Обвинителството велат дека случајот е чист и може да се заврши брзо но дека од непознати причини истиот го блокира државниот обвинител Јовески кој се надева дека со поддршка од ДУИ ќе стане уставен судија.

Предходно антикорупциската комисија каде работи и баџанакот на Џафери објави дека цели четири години Јавното обвинителство не постапува по ниту една од кривичните пријави на ДКСК.

Една од кривичните пријави кои државниот обвинител Јовески ги игнорира е поврзана со ќерката на Талат Џафери кој веќе има проблем со можна корупција на синот за полагање на правосуден испит без завршено соодветно образование.

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвори предмет за изборот на ќерката на Талат Џафери, Бесијана Џафери Беќири за незаконско членство на надзорен одбор во еден од трите тима на Електро стопанство на Македонија (ЕСМ) кои треба да вршат производство, дистрибуција и снабдување со толинска енергија.

„Бидејќи законот за спречување на корупција е прецизен и кажува дека избрано или именувано лице не може да врши функција член на Управен одбор или на друг член на управување. Доколку се утврди дека ќерката на Талат Џафери е избрано или именувано лице, тогаш таа не може да врши член на УО, односно на Надзорен Одбор. Друга поврзаност, односно втор ризик е во односот со татко и. Дали лицето со кое е блиско, односно дали живеат во ист дом со таткои, треба да се испита, ќе бидат во судир доколку таа врши супервизорска или контролен надзор врз неговата работа“, изјави предходно за случајот Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК.

Засега нема потврда дали последниот напад од страна на вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска врз државниот обвинител Јовески е поврзан со овој случај.

Неофицијални извори во обвинителството велат дека Јовески е нервозен затоа што се уште не е избран за уставен судија и се заканувал дека ќе ги процесира сите предмети против високи функционери на СДСМ и ДУИ кои чекаат во неговата фиока.