Безобразно: Врабески ќе отворел уште 20 клуба, Македонија била територија украдена од Бугарија

За бугарските клубови во Северна Македонија, ме прашувате која е опцијата за решавање на проблемот со насилството. Многу е едноставно, уште 20 клуба и постепено вистината ќе се разбере, а евроинтеграциите значат пред се вистина. Тоа ќе ве ослободи, рече финансиерот на бугарските клубови во Битола и Охрид, бугарскиот бизнисмен Милен Врабевски кој гостуваше во емисија на Бугарската национална телевизија БНТ.



Врабевски ова го изјави запрашан како ќе се реши проблемот со насилството.

Според него Македонија е територија отцепена од Бугарија украдена со многу крв.

-Една територија украдена со многу крв и престапи, отцепена од Бугарија и асимилирана на еден многу грозен начин, Југословенскиот модел, нема погаден модел на светот. Практично, тој модел се уште е на власт и им ги пере мозоците на луѓето, вели Врабевски.

Тој додава дека европската интеграција е единствената опција за залечување на раните од минатото.

Во случајот со Северна Македонија, имаме сличен случај. Мора да продолжиме причините за поврзување да ни бидат доминантни во секојдневниот живот, изјави Врабевски.