Од рестрикции не можеме да избегаме – забранет влез во објекти за невакцинираните?!

Комисијата за европски прашања не заседаваше иако требаше да се расправа за Закон со кој треба да се забрани влез на непрележани и невакцинирани лица во објекти во случај на појава на заразна болест. Предлог Законот треба да ја помине оваа Комисија бидејќи е со европско знаменце.



Според Предлог законот, во случај на појава на заразна болест, се предлага забрана за влез во објекти за лица кои не се вакцинирани или немаат потврда за прележана болест. Во член 29, пак, се додава нов член 29 а, којшто заради спречување на ширење на заразни болести дозволува Министерството да примени технолошки достигнувања како интернет платформи, паметни апликации, електронски услуги и слично. Според министерто Сали носењето на законот е само за да има владата законска покриеност во случај на појава на заразна болест да носи мерки за ограничуавња на движење на невакцинираните

Една од мерките за успешно и навремено сузбивање на заразните болести е задолжителното пријавување и информирање за појава на заразни болести и епидемии.