Американската амбасадорка кај Бујар Османи на разговор за корупцијата

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, објави дека кај него во посета била американската амбасадорка во САД, Ангела Агелер, на разговор, меѓудругото, и за корупцијата и владеењето на правото во земјата.



„Проектите, активностите и целите на Стратешкиот дијалог меѓу САД и Македонија, кој се одржа во јуни оваа година во Вашингтон, тема на разговор на денешната средба со амбасадорката на САД, Ангела Агелер.

Првата област на интензивирана соработка во рамките на Акцискиот план е владеењето на правото и борбата против корупцијата, со што ќе се зајакне соработката меѓу двете земји и поддршката од страна на САД во оваа област“, објави Османи на социјалните мрежи.
Министерот додава дека Македонија останува посветена и на останатите приоритети, како што е претседавањето со ОБСЕ во 2023 година и претстојното преземање на претседавањето на Република Северна Македонија со САД – Јадранската Повелба.