За по Нова Година е одложена посетатата на американскиот тим кој требаше да допатува во среда во Скопје.
Амбасадата на САД во Скопје потврди дека добиле известување дека советникот во Стејт департментот, Дерек Шоле и делегацијата во која што требаше да биде и заменик-помошникот секретар во Стејт департментот и специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, ја одложиле посетата на Македонија за после Нова година.
Нема објаснување зошто е одложена посетата.
Според првичната најава, Шоле и Ескобар во Скопје требаше да разговараат со владини претставници за низа прашања, вклучително и за енергетиката, економијата и борбата против корупцијата.







