Истражување на CNBC покажа дека 57 отсто од демократите сметаат дека Бајден не треба да се кандидира за претседател, како што мислат 86 отсто од републиканците и 66 отсто од независните.
Вкупниот рејтинг на претседателот Бајден падна на 41% од 46% во октомвриското истражување, а неговото неодобрување се зголеми на 54% од 50%, покажува истражувањето на CNBC.
Само 14 отсто од испитаниците сметаат дека економијата е „добра или одлична“, а рејтингот на Бајден за економијата падна од 40 отсто на 38 отсто, покажа истражувањето.
Исто така, анкетата покажа дека 61 отсто од јавноста смета дека ни поранешниот претседател Доналд Трамп не треба да се кандидира за претседател…







