„Албанците кои се во институциите се влезени таму преку ДУИ и затоа велиме дека институциите се ДУИзирани“, изјави Арбен Таравари, в.д. претседател на Алијанса за Албанците во емисијата СТУДИО 10 на ТВ24.
Не велиме дека нема и квалитетни луѓе, но мнозинството не се. Можеме да констатираме дека работите кои ние сами не можеме да си ги завршиме треба да дојде некој од надвор и да ни ги заврши“, вели Таравари.
Таравари вели дека на повикот од Американската амбасада сега почнаа да реагираат и институциите кои досега не зборуваа за тоа. Тој посочува дека индексите за перцепција на корупција го покажуваат тоа дека има корупција.
Таравари вели дека ДУИ е подобар коалициски партнер за двете најголеми македонски партии оти тие знат и да премолчат. Но, додава тој, не е добро една партија толку долго време да биде на власт.
„Нема никаков епилог за различни коруптивни настани, за различни насилства и убиства извршени од членови на ДУИ“, вели Таравари.
Тој вели дека не знае зошто некои македонски политички кругови го штитат Али Ахмети.






