Бугарија: Габровски предложи влада со 3 жени-вицепремиерки

Проф. Николај Габровски предложи состав и структура на новата бугарска влада со три жени вицепремиерки, јави БГНЕС.



„Мојата главна цел е да се намали тензијата и да се најде нормален тон меѓу политичките партии, но пред се заедно да одиме на главните цели што ги поставивме за излез од кризата.

Убеден сум дека Советот на министри (Влада) и неговиот состав е способен да ја води Бугарија низ оваа криза.

Кандидатите и се добро познати на јавноста. Работеле и на високи позиции. Без губење време, ќе можеме да се фатиме за гласање за буџетот, за Шенген и за еврозоната. Убеден сум дека овие професионалци тоа ќе го направат за исклучително краток временски период“, изјави кандидатот за премиер на ГЕРБ-СДС, проф. Николај Габровски.

Претседателот Румен Радев му посака успех и изјави дека „денес ќе донесам указ со кој ќе му предложам на Народното собрание да гласа за вашиот кабинет“.