Потпретседателката Илијана Јотова изјави дека е можно да се формира кабинет со првиот мандат, пренесува БНР и ја спореди ситуацијата со составување на бугарска влада со Мундијалот во Катар:
„Нема невозможни работи, дури и кога има најневозмоожни ситуации, се постигнуваат голови во противничкиот гол, дури понекогаш и од невозможен агол … има и други тимови кои даваат гол во своите автогол.”
Ова се случи неколку минути пред претседателот Румен Радев да го прифати кандидатот за премиер на ГЕРБ, проф. Николај Габровски, на кого му го врачи првиот мандат за формирање влада во рамките на актуелниот парламент.
Габровски, предложен за премиер со првиот мандат, денеска го претстави составот на неговиот кабинет (доколку биде прифатен) во кој има многу дами.
Преку составот на Министерскиот совет, Николај Габровски очекува дека ќе успее да ја деескалира тензијата, да влезе во нормален тон на разговори и да се движи кон главните цели избегнување конфронтација и извлекување на Бугарија од кризата во која се наоѓа. .
Претседателот Румен Радев додаде дека не е лесна задача да се бара поддршка во Народното собрание и денеска шефот на државата ќе донесе указ за изгласување на предлог-кабинетот во парламентот.






