Новинарот на Буревесник Зоран Божиновски објавува документи од згаснатото СЈО во кои се инволвирани вицепремиерот Артан Груби, министерот Османи и членови на нивните семејства.
Според документот од СЈО се бараат податоци за десетина членови на семејствата Османи и Груби.

Божиновски вели дека, (најверојатно затоа што можеле да доведат до апсење на Груби и Османи), токму овие истраги се причината за згаснувањето на СЈО.
,,Да си знаете зошто е КАТИЦА ЈАНЕВА во затвор и зошто е растурено СЈО, како и да си знаете кој бил истражуван/третиран од СЈО, од семејствата на БУЈАР ОСМАНИ и АРТАН ГРУБИ, заедно со НИВ ДВАЈЦАТА, погледајте ги прилозите од оваа објава…
Ќе ви текне и зошто прима инфузија БУЈАР ЛОПУЖА ОСМАНИ. Во СЈО уште си стојат сите докази за комплетната багра во РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА…”, пишува Божиновски.
Јавниот обвинител Јовески кој ги презема сите случаи на СЈО и обвинителите Ленче Ристовска, Фатиме Фетаи и другите молчат за тврдењето на Божиновски.
Засега молчат и Груби и Османи.
Линк до објавата на Буревесник






